Повреден работник при извршување градежни работи во Волино

Повреден работник при извршување градежни работи во Волино.

На 13.11.2024 околу 12.00 часот во СВР Охрид е пријавено дека, при извршување градежни работи во атарот на селото Волино, општина Дебрца, со повреди се здобил работникот З.Ѓ.(56) од Охрид. Тој, со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде му биле констатирани тешки телесни повреди. За настанот бил известен Државен инспекторат за труд и безбедност при работа, информираат од СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани