Се заканувал на ученици во близина на основно училиште.
На 13.11.2024 околу 13.00 часот во СВР Охрид е пријавено дека во кругот на едно основно училиште во Охрид, М.С. агресивно се однесувал и упатувал закани кон група малолетници, ученици во истото училиште. По целосно расветлување на настанот, против М.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.