Изгоре старица во Охрид

Постара жена утрово изгоре во сопствениот стан на булевар  „Туристичка“.

Пожарот бил пријавен утрово во 7часот. Охридските пожарникари веднаш реагирале и стигнале на лице место, каде навремено го изгаснале огнот  за да не ги зафати соседните станови. 

Охриднет дознава дека жената била неподвижна и живеела сама спроти поранешниот Мини Маркет Охрид. 

Според првичните сознанија и увид од пожарната пожарот настанал од цигара која ја запалила постелнината. 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани