Изградбата на втопатот Охрид Кичево во мирување

Ниту еден камион и ниту еден работник на автопатот Охрид Кичево.

Екипата на Охриднет при вчерашната обиколка од Охрид до село Извор забележа дека изградбата е во мирување. Наместо десетици камиони и стотици работници како претходно вчерашната слика сосема поинаква. Она што веќе е направено е оставено, моментално не се гради. 

Кои се причините зошто не се гради  не успеавме да дознаеме. Дали задоцнетите  плати на вработените, дали приватизацијата на земјиштето која се уште е на суд или можеби бројните непредвидени свлечишта и проблеми на терен. 

Автопатот требаше да биде готов годинава. 

Последните прогнози на надлежните се дека  ќе биде готов во 2020 година,  но судејќи по вчерашната слика и тоа е невозможно.  Пред владата престојат големи предизвици во изградбата на оваа најзначајна делница во југозападниот регион во земјава. Бројните проблеми во изградбата и натаму ја зголемуваат цената на автопатот. 

 

 

Social profiles