Бројните медицински тимови и спасители на вода од Црвеиот крст на град Охрид денес имаа полни раце работа.
Имало 4 извлекувања на премрзнати капачи од кои две покомплицирани на кои им била потребна медицинска помош.
– „Имавме 4 извлекувања на скокачи по крстот и од нив двајца со хипотермија и тоа прилично сложени. Во секој случај истретирани навремено и соодветно и после пола сат од интервенцијага децата беа во добра здравствена состојба. Инаку на крводарителската акција до сега имаме 85 дарувања на крв“, вели во зијава за Охриднет Сашо Точков претседател на Црвен крст Охрид.
Ова се хероите кои годинава водеа грижа за безбедно капење на стотиците капачи кои скокаа по Светиот крст во водите на Охридското езеро. Осум медицински тимови, шест екипи спасители на вода распоредени на копно и во вода со мобилни чамци.
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
