ЈП Градски Пазар Охрид го обновува „Мостот на желбите“

ЈП Градски Пазар Охрид го обновува „Мостот на желбите“ пред стартот на туристичката сезона.

Во пресрет на летната туристичка сезона, ЈП „Градски пазар“ – Охрид започна активности за обновување на познатиот „Мост на желбите“. Во рамки на зафатите предвидено е освежување со нова боја, замена на оштетените даски и поставување на синџири, кои се карактеристичен дел од овој симболичен мост.
Со овие активности, ЈП „Градски пазар“ има за цел да придонесе за разубавување на урбаната средина и да понуди пријатна атмосфера за посетителите и туристите кои секое лето во голем број го посетуваат Охрид.
„Мостот на желбите“ е едно од омилените места за фотографирање и оставање симболични желби, а неговата реконструкција ќе ја зголеми неговата привлечност и оваа сезона.
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани