Казна 5000 евра за поранешниот градоначалник на Струга

Поранешниот градоначалник на Струга Рамиз Мерко  осуден на парична казна од 5.000 евра за поставувањето на спорната спомен-плоча на зградата на Општина Струга. Судот утврди одговорност, оценувајќи дека плочата поттикнува или разгорува верска и етничка омраза. Иако во случајот нема регистрирани конфликти, инциденти или други последици, судот оценил дека за стореното дело не е неопходно да постои последица.

„Факт е дека за овој случај се воделе две постапки, од кои едната била прекршочна, меѓутоа таа се поврзува со незапазување на процедурата за подигнување на спомен-обележјето и за таа е издаден прекршочен платен налог.Меѓутоа, тоа се однесува на било какво спомен-обележје, вклучително и на оние коишто не поттикнуваат или разгоруваат верска и етничка омраза“, изјави  Јордан Јованов – судечки судија, Основен суд Струга.

Како клучен доказ судот го посочува и мислењето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, кое било оспорено пред Управниот суд, но тужбата била одбиена, а одлуката потврдена од Вишиот управен суд.

„Мислењето е валидно, останува во сила, а е изготвено врз база на мислење на стручни лица од Институтот за национална историја, од каде што е побарано мислење дали она што го симболизира таа плоча може да поттикнува или разгорува верска или етничка омраза“, додава Јорданов.

Спорната мермерна плоча, беше поставена на влезот на општинската зграда, испишана само на албански јазик, со натпис „Основно училиште Битолски конгрес, 1 септември 1941 година“, кој се однесува на периодот кога Струга била под окупација на Италија и Кралството Албанија..

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани