34-годишен жител на охридското село Велгошти е лишен од слобода откако било пријавено дека агресивно се однесувал и му се заканувал на 30-годишен сограѓанин. Р.Ш. бил приведен вчера во 19:45 часот од полициски службеници од СВР Охрид. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
