СВР Охрид поднесе кривична пријава против 61-годишен жител на Струга, вработен во Управата за имотно-правни работи при Министерството за финансии, поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата и фалсификување службена исправа.
Според пријавеното, А.М., во својство на советник и овластен потписник на акти, во текот на 2022, 2023 и 2024 година изработувал лажни решенија за приватизација на земјиште на други лица, самоволно ставал службен печат за правосилност и ги доставувал до Катастарот во Струга. Притоа, решенијата претходно не ги доставувал до надлежната институција за мислење.
