Казна за сопственикот на „Мис Стон“

Казна за сопствениците на руинираниот брод „Мис Стон“, кој вчера делумно  потона и го загади каналот со десетина литри нафта, што  се излеа од резервоарот.

Денеска општината со механизација  ќе го вади потонатиот брод од  Студенчишта.

Трошоците ќе ги подмират  сопствениците,  кои со години го оставија бродот вкотвен, оставен  на забот на времето.

-„Одоговорност ќе има и по законот за внатрешна пловидба бидејки го третираме и делот на загадувањето а беше направен колку што знам и увид од страна на инспекторие за екологија сопствениците ќе си сносат соодветна казна соодветна пријава ќе биде поднесена против сторителите односно сопствениците на овој руиниран пловен објект“, вели  Горан Устијаноски капетан на Капетанија на пристаништа на РМ.

Капетанијата ќе бара отстранување на сите хаварисани пловила, кои со години скапуваат во каналот. Според нивната проценка тоа се околу шест пловила, а меѓу  нив е и бродот  „Илинден“, кој пред осум  години потона со група бугарски туристи.

-„Се појавува еден нечесен однос од страна на сопственици кои со години ги остваат своите пловила во самиот канал не само што фаќаат место но претставуваат и извор на опасност“, додава Устијаноски.

Излеаната нафта вчера со специјални средства веднаш беше неутрализирана и нема никакви  негативни последици врз живиот свет во каналот, кој е зимувалиште и мрестилиште на плашицата.

Новинар Соња Рилковска

Канал 5 ТВ 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани