Центарот за развој на ЈУГОЗАПАДНИОТ плански регион, ќе има конститутивната седница на новиот состав на Советот за развој на ЈУГОЗАПАДНИОТ плански регион, која ќе се одржи утре- 23 ноември во 12,00 часот во просториите на Советот на Општина Струга (ул Партизанска бб).
На седницата меѓу другото, се очекува, да биде избран претседател на ова регионално тело.
На конститутивната седница ќе бидат разгледани и повеќе други точки, меѓу кои и листата на приоритетните регионални проекти со кои Центарот за развој на ЈУГОЗАПАДНИОТ плански регион планира да аплицира кај домашните извори на финансирање, пред се, кај Министерството за локална самоуправа, односно Бирото за регионален развој, кај останатите ресорни министерства и агенции, како и кај меѓународната донаторска заедница. Се очекува, следната 2018 година, да бидат реализирани повеќе регионални проекти во вкупна вредност од околу 40 милиони денари, при што како главни партнери ќе се појават деветте општини што му припаѓаат на Регионот.
По седницата, во 13,30 минути, планирано е да бидат пуштени, во свечена употреба, реконструираните простории што ги користи Центарот за развој на ЈУГОЗАПАДНИОТ плански регион, а за кои средствата се обезбедени од Буџетот на РМ во рамки на проектот за Енергетско-ефикасни објекти, што се имплементира во шест општини од Регионот.
