Верниците денес во манастирот Света Петка Велгошти

Голем број посетители денес беа дел од свечената литургија во манастирот Света Петка во селото Велгошти.

 

Беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Никола Христоски, свештеникот Никола Кипријанов, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа.

-Нашата света Црква ни го препорачува тесниот, трнливиот, Христовиот пат. По тој пат оделе и сите Божји угодници, како што е и преподобната Матрона Цариградска, чијшто спомен светата Црква денес го чествува. Оваа Божја угодница најпрво била омажена за некој Цариградски велмож Дометијан, но, брзо потоа одлучила да го напушти брачниот живот и да се повлече во манастир на подвиг. Најпрво била во некој машки манастир во Цариград, се разбира преоблечена во машки алишта, а потоа, бидејќи нејзиниот сопруг трагал по неа, морала да странствува и во Египет и на Синај, за на крај, својот животен пат да го заврши во Цариград, и тоа, на стогодишна возраст. Се упокоила во Господа 492 година.Да се обратиме со искрена молитва кон св. Матрона и кон св. Петка. Тие да ни ја зацврстат верата, да ни ја умножат љубовта и да бидат наши помошници во нашиот животен од по тесниот, но спасоносен пат кон царството небесно. Амин, рече Владиката Тимотеј. 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани