Ќе се именуваат нови членови на управните одбори

На претстојната, седница на Советот на општина Охрид, ќе се именуваат и дополнат нови управни одбори.

На седмата седница на Советот на општина Охрид што е закажана за 28 овој месец, меѓу другите точки на дневниот ред, предвидени се и три поврзани со разрешување и именување на член на управните одбори. Според дневниот ред, советниците ќе дискутираат по предлог – одлуката за разрешување и именување член на управниот одбор на ЈП Градски Пазар – Охрид, предлог-одлуката за дополнување на одлуката за разрешување и именување членови во управниот одбор на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“-Охрид како и по предлог-одлуката за разрешување и именување член на управниот одбор на ЈЗУ „Здравствен Дом“ – Охрид.На седмата седница на Советот на општина Охрид, на дневен ред се вкупно 42 точки на дневен ред меѓу кои и предлог –план за управување со отпад на општина Охрид за период 2018 -2020 година и предлог-програма за управување со отпад на општина Охрид за 2018 година.

Social profiles