Денеска во Белград беше промовиран проектот „Од Дунав до Охрид“.
Промовирањето на заедничкиот производ беше денеска во Белград и ќе биде актуелен на сите светски и европски саеми. „Од Дунав до Охрид“ е заедничката туристичка промоција на Македонија и Србија која беше претставена на 40. Меѓународен саем на туризмот во Белград, кој е во организација на Агенцијата за промоција и подршка на туризмот, заедно со агенциите и хотелиерите. На саемот учествуваа 1.200 претставници од 55 држави.
Според директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Македонија Љупчо Јаневски, заемното обединување кога станува збор за туризам е вистински начин Србија и Македонија и воопшто Балканот заедно да понудат еден туристички производ.Промовирањето на проектот ќе биде актуелен на сите светски и европски саеми, со цел постепено да се вклучат и големите туристички агенции од Европа кои би го вовеле тој производ во своите брошури, сметаат во Здружението за туризам на Стопанската Комора на Србија.
Покрај промоцијата на туристичката понуда- „Од Дунав до Охрид“, Македонија на белградскиот Меѓународен саем на туризмот годинава ја промовира и туристичката понуда за Коридорот Е-75 кој од Србија поминува низ Македонија кон Грција, а низ кој во текот на една година поминуваат четири до шест милиони туристи.