Михајло Филев гостин во „Жикина Шареница“ на РТС

Михајло Филев-најпознатиот изработувач на оригинални охридски бисер „Фамилија Филеви“ гостуваше во утринската емисија на РТС – „Жикина Шареница“.

Михајло Филев професионалниот изработувач на оригиналниот охридски бисер во утринската емисија на РТС, беше дел од тимот кој заедно со градоначалникот Стојановски и професионалниот нуркач Милутин Секулоски, говореа за овогодишната туристичка понуда на Охрид. Охридската и македонската но и пошироката јавност многу добро го познаваат Михајло Филев како врвен изработувач на познатиот и надалеку прочуен охридски бисер. Михајло е четвртата генерација во семејството Филеви кој ја продолжува старата семејна традиција но и грижливо ја негува наследената семејна тајна за негова изработка. Деновиве во Белград се ордржува 40 Меѓународен саем на туризмот каде владее исклучително голем интерес за Охрид и охридските туристички потенцијали.

Social profiles