СВР Охрид поднесе кривична пријава против 35-годишен охриѓанец поради сомнение за бесправно градење. Според полицијата, на катастарска парцела во охридското село Рамне, пријавениот без одобрение за градење од надлежен државен орган започнал со изградба на бетонска плоча и изведување други придружни градежни зафати.
Надлежната градежна инспекција донела решение за отстранување на градбата. Против него е поднесена кривична пријава за кривично дело „бесправно градење“ според член 244 од Кривичниот законик.
