ОВР Струга поднесе кривична пријава против тројца млади мажи, на возраст од 19 и 24 години, поради сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
Според пријавата, на 27 септември 2026 година, во продажен објект на улицата „Пролетерски бригади“ во Струга, тројцата физички го нападнале сопственикот на објектот и една вработена, при што употребиле и метален предмет.
Против трите лица е поднесена кривична пријава за кривично дело „насилство“.
