Кривична за охриѓанец кој нападнал полицаец.
СВР Охрид, до Основното јавно обвинителство Охрид, поднесе кривична пријава против Ј.С. (44) од Охрид поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“ по член 383 од Кривичниот законик. На 11.03.2025 во Охрид, пријавениот физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија, информираат од СВР Охрид.
