Му нема крај на семејното насилство во кое најчести насилници се мажите а жртви се жените. Полицијата поднесува кривични пријави но се чини е недоволно да се запре силниот замав на ова зло.
Денеска, струшката полиција поднесе кривична пријава за нов случај на семејно насилство, овојпат извршено во струшкото село Лабуништа. Според полициското соопштение, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда при вршење семејно насилство“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против П.П. (35) од струшкото село Лабуништа.
-Пријавениот, казненото дело го сторил на 27 август минатата година во семејниот дом, кога, поради одредени семејни несогласувања и под дејство на алкохол започнал вербална расправија со неговата мајка С.П.(54) а потоа со физичка сила ја туркал и ја бркал од куќата. Со извршувањето на казненото дело, пријавениот телесно ја повредил својата мајка и и го нарушил нејзиното здравје, информира м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.