Со вонсезонски цени до повеќе туристи

Со странски искуства охридските станиздавачи  ќе ја  продолжуваат  туристичката сезона. Првенствено треба да воведат вонзесннски цени , кои ќе бидат многу пониски од цените на сместувањето во лето, но и анимација и бројни активности за туристите.

 

И во зима Охрид има што да понуди. Тоа се докажа оваа зимска сезона,   многубројните концерти и настани  во  декември и јануари привлекоа  многубројни гости.

– „Ако во одредена сезона не сме доволно атрактивни можеме да понудиме содржина со која ќе станеме атрактивни се додека сме јасни со јазна визија која целна група сакаме да ја привлечеме“, вели Елена Иванова туризам менаџер во ИМЕ програмата.

Наместо два Охрид со нов концепт ќе привлекува туристи  цели 12 месеци. Од февруари градот  веќе почнува со дисконтни цени за гостите од загадените подрачја.

-„Има одлична пристапност со оглед на аеродромот и патиштата и андежта е дека наскоро ќе се заврши и автопатот тука лежи еден извор за продолжување на туристичката сезона“, вели Алпион Идризи експерто од Косово.

Целта на денешниот тренинг во Охрид е преку подобрување на понудата и квалитетот на услугите и производите  да се зголеми продажбата на сместувачките капацитети преку целата година.

Новинар Соња Рилковска

Канал 5 ТВ

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани