Лешанец опожарил возило во Оровник.
30 годишен жител на охридското село Лешани, запалил возило во Оровник. Тој го полил возилото со запалива течност и предизвикал пожар. Полицијата го открила и му поднела кривична пријава. Според соопштението од канцеларијата за односи со јавноста во СВР Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „предизвикување општа опасност“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.М. (30) од охридското село Лешани. Пријавениот, во периодот 26/27 октомври оваа година, подметнал пожар на патничко моторно возило марка „Рено-4“ сопственост на М.Л. од селото Оровник. -Пријавениот, со течност го полил задниот дел од возилото кое било паркирано во дворот од семејната куќа на оштетениот и го запалил, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид. По запалувањето на возилото и предизвикувањето општоопасно дејствие, пријавениот А.М. веднаш избегал од местото на настанот.