Левица Охрид: Министерот да најде решение за детското одделение во Охрид

ЈЗУ Општа болница Охрид соопшти дека одделот за детски болести ќе работи и ќе извршува амбулантни прегледи на пациенти од 08 до 20 часот од понеделник до петок. За време на викенд и останатото време пациентите ќе бидат упатувани во ЈЗУ Општа болница Струга, додека не се обезбеди соодветен кадар за работа.

 

Левица Охрид со реакција за затворањето на детското одделение во охридската болница.

-Најостро ја осудуваме оваа одлука на раководството на охридската болница и на Министерството за здравството, бидејќи оваа одлука значи дека децата во Охрид ќе бидат оставени без соодветна здравствена заштита.

Да му порачаме на министерот Венко Филипче дека охриѓани не примаат министерски плати за да можат своите деца да ги лекуваат во приватни клиники , дури голем број семејства не можат да патуваат ни до Струга . Со оглед на тоа дека децата дури и од Брза помош ги упатуваат во одделот за детски болести , апелираме до министерот под итно да најде соодветно решение и да им обезбеди на децата во Охрид здравствена заштита 24 часа седум дена во неделата.

Доколку министерот не е способен да ги решава проблемите во јавното здравство , покрај сите пропусти и трагедии што го одбележаа неговото работење , крајно време е да си поднесе неотповиклива оставка , бидејќи овој пат со ваквата одлука на охридската болница жртвите ќе бидат деца , а министерот ќе се соочи со гневот на родителите, стои во соопштението на Левица ЛО Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани