Ликовна изложба на Анкица во Вевчани

Синоќа во Вевчани беше отворена првата самостојна изложба на Анкица Китаноска.

Во рамките на Вевчанското културно лето -2018 година,пред верскиот празник Преображение на Господ Исус Христос,вчера во Вевчани беше отворена првата самостојна изложба на младата вевчанска сликарка Анкица Китаноска. Изложбата ја отвори хроничарот на Вевчани,писателот,поетот и публицист Мишо Китаноски.
„Вевчанскиот ликовен круг почна пред многу години со академскиот сликар Стојан Размоски,а продолжи многу подоцна со академските сликари:Никола Угриноски како и со Марјана Костојчиноска и Владо Мукоски, рече Китаноски на отворањето на изложбата.Од изложените платна,може да се види дека Китаноска,своите сега-засега творечки преокупации ги има сместено и насочено во две сосема различни ликовни насоки:во портретите и пејсажот.Додека во портретот таа се нурнува пред се,во психолошките пулсирања и тајните на оној што го слиака,односно на неговиот лик,во сликите што припаѓаат на пејсажот,работата стои сосема поинаку.Во нив младата сликарка импресионирана и освоена од убавините,но и од чуството и сознанието дека слика еден митски омеѓен простор што и припаѓа на планината Јабланица,таа не ги штеди своите внатрешни треперења сосема спонтано сликарски богато да ги искаже,односно да ги плисне со и во боите.Со тоа,таа многу успешн и повпечатлив начин покажува и докажува дека таму до каде што стигнува нејзината инспирација уште потаму продолжува чуствителноста со играта на бојат и преобразбата на платното во делото што пленува и освојува .Значи,збор станува за талентираната уметничка,чии сегашни ( изложени ) дела,се доволна гаранција да го тврдиме следното:Аница Китаноска е на вистинскиот пат,со она што допрва ќе го создава,да не увери дека ова прво ( вевчанско ) дебатирање е заслужено и творечки успешно во очекување дека следните нејзини презентации ќе ги имаат ѕвездените мигови на нејзиниот сега веќе осведочен и потврден ликовен талент.А,тоа е доволно за успешен старт во светот на уметноста и во животот“ истакна Китаноски.


Инаку, младата Вевчанска сликарка Аница Китаноска, е родена 2000 –та година во Вевчани.Основно образование завршува во своетео родно Вевчани.Во 2018 година,во Државното средно училиште за ликовна уметност и дизајн „Лазар Личеноски“,отсек –сликарство во Скопје.Учествувала со свои слики на неколку колективни изложби,како и на Меѓународните ликовни колонии во Вевчани и Кочани.Сега е примена на на студии на престижната Ликовна академија во Равена -Италија.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани