Македонските туристичките можности и потенцијали и разбирливо на охридско-струшкото крајбрежје ќе бидат претставени на големиот меѓународен саем за туризам EMITT, што денеска отпочнува во Истанбул-Турција.
на овој голем собир на туристичките компании и работници од целиот свет, македонската туристичка понуда ќе биде претставена од Агенцијата за промоција и подршка на туризмот.На туристички штанд на Агенцијата, ќе има излагачи од приватниот бизнис сектор во земјава меѓу кои се туристичкиоте агенции „Фибула травел“, „Бадем“ и други.
-Од овој туристички саем, очекувам продлабочување и унапредување на одличната соработка со турските туристички агенции кои ја имаат Македонија како една од најзначајните туристички дестинации на Балканот, вели Асим Меџедовиќ, главниот менаџер на реномираната македонска туристичка агенција „Фибула Травел“.
Искусниот и успешен туристички деец Меџедовиќ, додава дека светскиот EMITT туристички саем во Истанбул, претставува извонредна прилика за остварување на деловни контакти и средби и со други туристички оператори од останатите земји учеснички и дополнителна можност за промоција на туристичка Македонија и посебно на охридско-струшкото крајбрежје како атрактивни туристички дестинации и туристички бисери на Балканот.EMITT е најголемиот и најпосетен туристички саем во југоисточна Европа, со посета од близу 5000 туристички субјекти од сцетот.
На почетокот на овој месец, „Фибула Травел“ направи одлично претставување на Македонија и македонскиот туристички потенцијал во Холандија и во соработка со холандскиот туристички гигант „Корендон“, евидентирале 15 процентно подобрување на букирањата од холандските туристи за македонските аранжмани за претстојната летна сезона.