Марихуана си чувал во Волино а крадец украл кола во Струга

Охридската полиција денес информира за две поднесени кривични пријави.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Т. (23) од с. Волино, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанциии и прекурсори”. На 07.11.2017 година од 14.05 до 16.10 часот во с. Волино, при претрес во домот на пријавениот, биле пронајдени 328,86 грама марихуана.

Полициската станица Струга поднесе кривична пријава против Ш.Е. (50) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „одземање на моторно возило“ и „тешка кражба“. Ш.Е.делата ги сторил на 01.09.2017 година. Тој, прво користејќи подесен алат, насилно го отворил патничкиот автомобил марка „Фиат Пунто“ со струшки регистарски ознаки паркиран на ул. „Ристо Крле“ и го користел за свои потреби. Во периодот од 23,00 до 07.00 часот, Ш.Е. извршил и тешка кражба во продавница во Струга. Влегол насилно во продавницата и одзел 50 штеки цигари и 7.000 денари.
Со извршувањето на двете дела, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 130.000 денари, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани