Независниот кандидат за градоначалник на Струга, Менди Ќура синоќа прогласи победа. Во тесна и неизвесна битка, според податоците на Државната изборна комисија од скоро 97 отсто преброени гласови во Струга, Менди Ќура победи со 1.766 гласа пред неговиот против кандидат Арсим Далипи од Националната алијанса за интеграција предводена од ДУИ.
Ќура се заблагодари на стружани, рече дека ќе биде градоначалник на сите граѓани.
– Благодарам на сите, на сите граѓани на општина Струга што ме поддржаа, што сфатиле дека јас имам добри проекти. Тие денеска потпишаа историја. Но, историјата ќе се заврши по четиригодишниот мандат, кога ќе завршиме и ќе имаме историски успех за четири години. Благодарност и до мојот изборен штаб, но и до коалициските партнери во Владата за поддршката. Ние водевме цивилизирана кампања, без притисок, поткуп и клевети, реќе Ќура.
Во првиот круг на локалните избори, Ќура беше во предност од Далипи за само 215 гласови. Изборниот ден во струшко вчера мина во мирна и демократска атмосфре, не се регистрирани инциденти. Излезноста беше како и во првиот круг околу 40%.
