Златко Сиљаноски е новиот градоначалник на Дебрца

Кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Златко Сиљаноски е новиот градоначалник на општина Дебрца. По преброени 99,82% од гласовите, Златко Сиљаноски од Коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 1.507 гласови, односно 61,64% од вкупниот број гласови, а неговиот противкандидат Зоран Ногачески, независен кандидат на група избирачи освои 857 гласови, односно 35,05%.
-Од сѐ срце ви благодарам! Оваа победа не е само моја — ова е голема победа за сите нас, за сите Дебрчани!
Ви благодарам за довербата, за поддршката, за секој разговор, насмевка и искрен совет. Заедно покажавме дека Дебрца знае да се обедини околу вистинските вредности и заедничката иднина.
Пред нас е многу работа, но и многу надеж. Ви ветувам дека ќе бидам градоначалник на сите граѓани на Дебрца, со чесност, посветеност и одговорност. Да продолжиме заедно, со иста енергија и љубов кон нашата општина, напиша на официјалниот Фејсбук профил Силјаноски.
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани