Колку пари ќе чини конечната изградба на автопатот Охрид Кичево засега нема прецизна пресметка. Прогнозите се дека повторно ќе има зголемување на цената, но дали и колку таа ќе ја надмине досега двојно повисоката од првично проектираната 374 милиони евра, не се знае. Во моментов има 16 свлечишта кои чекаат решение.
Премиерот вели ќе дадат се од себе да не дојде до зголемување на цената.
-Можно е да дојде до зголемување на цената. Ние се доведовме во ситуцаија да решаваме 20 свлечишта на потегот од Кичево до Охрид од кои 10 се од полесна природа а 6 посебно кај местото Ботун од потешка природа и најверојатно ке треба со конструктивни шипови да се укрутува земјата понатаму да нема свлекување ,вели Мицковски.
-Можеби ќе бидат потребни заради тоа што овој проект е правен уште 2014 година тогаш стандардите биле други а ние мора да ги пратиме европските стандарди и затоа можеби ке треба и некаде и да се доплати, вели Коце Трајаноски директор на ЈПДП.
Изградбата на автопатската делница е најважниот потег за развојот на стопанството и туризмот во регионот и земјава, велат од Стопанската комора.
-Јас да вложам толку пари би бил секој ден на автопатот и заедно со нив би работел да што побрзо тој автопат се заврши затоа што тој е препород за овој регион, тој е препород за Македонија и за сите индустриски гранки. Ние сите треба да бидеме сконцентрирани да помогнеме, вели Бранко Азески претседател на Стопанската комора.
Автопатот Кичево-Охрид започна да се гради во февруари 2014 година. За неговата изградба според државна ревизија досега има два заеми од вкупно 685 милиони долари.
Новинар Соња Рилковска