Во охридската болница формирана комисијата за давање мислење за нега од друго лице .
На ден 26.11.2024 ЈЗУ Општа болница Охрид доби решение со кое ќе може да формира комисија за издавање на наод, оценка и мислење за потребата од помош и нега од друго лице. Комисијата е веќе формирана и ќе започне со работа во најкраток можен рок, информираат од ЈЗУ Општа болница Охрид.