Министерството за култура на Република Македонија ја извесува јавноста дека формираше комисија од стручни лица, која ги испитува сите околности во однос на реконструкцијата на Али Пашината џамија.
Работната група дојде до заклучок дека министерот за култура нема основа да ги запре работите, но ги охрабруваме сите надлежни институции да постапуваат доколку имаат индиции за прекршување на законските процедури.
Работната група препорача, а Министерството ќе достави барање до УНЕСКО за стручно мислење – дали е во склад со стандардите за заштита на градот да се реконструира објектот во такви димензии.
Министерството за култура нема ништо против обновувањето и заштитата на културното наследство, вклучувајќи ги тука и верските објекти, но сакаме тоа да се спроведува во законска процедура, почитувајќи ги сите прописи и постапки што се однесуваат на заштитување на објекти со историско значење.
Би сакале да потсетиме дека слободата на вероисповед е загарантирана со Уставот на РМ, а дека заштитата на културното наследство, вклучувајќи ги историските верски објекти без оглед на религијата на која и припаѓаат, е наш врвен приоритет. Ние повеќе би сакале да ја гледаме културата и културното наследство како наше заедничко богатство кое не зближува, велат во реакцијата од Министерството за култура.