На Охрид му е потребен прифатен центар за згрижување на бездомни лица. Последниот несреќен случај , кога болничар преку ноќ стана бедомник, повторно го актуелизира ова прашање.
За да им се намали маката и да не се под отворено небо, прифатениот центар привремено ќе ги згрижува луѓето, кои поради несреќи останале без дом.
-„Објектот би поседувал простор за тушиирање, фризер за потшишување, здравствен преглед од лекар, значи се она што би можело еден бездомник еден човек кој што се нашол во екоја несреќа да можеда му се излезе во пресрет“, вели Сашо Точков претседател на Црвен крст Охрид.
Црвениот крст овој проект го планира со години, но досега не добил поддршка од локалната власт.
– „Со сите градоначалници со сите локални самоуправи сме контактирале сме давале предлози сме барале место локација објект кој ќе служи како привремен објект за оние кои што ќе имаат потреба“, вели Сашо Точков.
-„ На Охрид му требаат многу работи и сами знаете. Лека полека се надевам ќе стигнеме до сите тие објекти кои што се неопходни за вакви екстремни случаеви“, рече градоначалникот Јован Стојаноски.
Црвениот крст од Охрид ќе поднесе барање за опремување на прифатен центар. и до новалата локална власт.
Новинар Соња Рилковска
Канал 5 ТВ