Неколку физички напади пријавени во Охрид и Струга

Во изминатото деноноќие на подрачјето на Охрид и Струга се регистрирани повеќе случаи на физички напади, за кои полицијата презема мерки за расчистување.

На улицата „Григор Прличев“ во Охрид, охриѓанец физички нападнал 67-годишен сограѓанин, при што употребил и тврд предмет. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во Струга, на кејот на реката Црн Дрим, 33-годишен стружанец бил физички нападнат од неколку лица. Полицијата работи на идентификување и процесуирање на напаѓачите.

Во Охрид, двајца млади лица од Скопје, на возраст од 20 и 18 години, се лишени од слобода поради сомнение дека во ноќен клуб на булеварот „Железничка“, а потоа и на бензинска станица, физички нападнале малолетник од Скопје, при што употребиле тврд предмет. По консултација со јавен обвинител, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Во уште еден случај во Охрид, во ноќен клуб во туристичкиот комплекс „Инекс“, физички била нападната 24-годишна државјанка на Белгија. Полицијата презема мерки за откривање на сторителот и целосно расчистување на настанот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани