Нема запирачка-уште едно семејно насилство во струшко

Расте бројот на семејни насилства. Во струшко регистрирано уште едно семејно насилство со нанесени телесни повреди.

По она во Франгово, сега ново семејно насилство овојпат во струшкото село Делогожда. Полицијата со полни раце работа, поднесува кривични пријави. Според соопштението од Канцеларијата за односи со јавноста при СВР Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда при вршење семејно насилство“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Е.М. (75) од струшкото село Делогожда.
Пријавениот, казненото дело го сторил на втори мај оваа година во 18 часот и 30 минути во дворот од семејната куќа во селото Делогожда. Тука настанала расправија со неговата снааа од брат поврзана со имотно правни недоразбирања. Видно револтиран Е.М. започнал со карање и викање на висок тон, потоа со вербални навреди а по кратко време ја нападнал снаат со метална шипка и ја влечел за коса.
-Натамошниот тек на неговото агресивно однесување бил спречен од страна на членови од семејството кои оштетената ја однеле во Општата болница во Струга, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани