Денеска во Охрид ќе биде отворена 27-та, традиционална изложба во чест на Меѓународниот ден на музејските работници, 18 мај.
Изложбата ќебиде отворена во 19 часот а ќе бидат изложени ликовни дела на уметници кои во последните години во галерија Робевци имале свои самостојни изложби.
Инаку, 18 мај, Меѓународниот ден на музејските работници, со изложба беше одбележан и во соседна Струга. Денеска, во Скопје, на советување по повод Меѓународниот Ден на Музеите, струшкиот музеј ќе биде презентиран со темата „Музеј во Музеј“.