Новогодишната прослава на градскиот плоштад и во бројните хотелски и угостителски објекти во Охрид помина мирно, без никакви нарушувања.
– „Новогодишната ноќ помина беспрекорно. Не е регистрирано ниту едно нарушување на јавниот ред и мир, ниту е регистрирана некоја сообраќајна незгода или пак било каков физички напад“, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
