Од февруари екстра ниски цени за домашните гости!

Од  следниот месец домашните гости, особено оние кои доаѓаат од загадените градови ќе може да одмараат во Охрид по екстра ниски цени.

Дел од хотелиерите на иницијатива на охридскиот градоначалник прифатија да дадат хумана понуда за граѓаните од загадените градови. 

Скопјани, битолчани, тетовци, гостиварци, кумановци ќе може да користат услуга ноќевање во хотел за само 990 денари. 

Да одмараат но и да дишат чист воздух покрај Охридското езеро. Локалната веќе е во преговори со угостителите и хотелиерите за овој новитет.

-„Значи намалување на цените за градовите кои што имаат висока загаденост за сите гости од тие градови да може да дојдат во Охрид по намалени цени на таков начин Охрид да покаже една гостопримливост која што секако ја имаме како град а во овој случај малку и хуманитарен аспект“, вели градоначалникот Јован Стојаноски. 

„Дел од хотелите ја потпишавме таа иницијатива за гостите од Скопје, Тетово и Гостивар, односно сите оние кои имаат лични карти од овие градови во текот на јануари и февруари може да престојуваат по цена од 990 денари“, вели Пере Стојаноски од реномираниот хотел „Гранит“.

Попусти од 30% хотелиерите традиционално ќе дадат и за големиот христијански празник Богојавление Водици. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани