Од утре општина Струга ќе прима иницијативи за изработка на урбанистички планови.
Општина Струга објави соопштение во кое се известуваат граѓаните и правните лица на Општина Струга дека се распишува Јавен повик за доставување на иницијатива за изработка на Урбанистички планови.Јавниот повик се распишува согласно член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање. Во период од 30.03.2018 година до 30.04.2018 година,сите заинтересирани физички и правни лица треба да достават иницијативи за изработка на Урбанистички планови од член 7 од Законот за просторно и урбанистичко планирање. Предмет на иницијативите може да биде донесување на нов Урбанистички план или измена и дополнување на постоечки Урбанистички план или Урбанистичкио-планска документација со конкретен предлог од поднесителот на иницијативата.
„Јавниот повик ќе биде објавен на интернет страната на Општина Струга www.struga.gov.mk,на огласна табла во општината во информацискиот систем е-урбанизам , преку објава во службено гласило на општината и во еден дневен весник на македонски јазик и еден дневен весник на албански јазик. Заинтересираните правни и физички лица иницијативите да ги достават во писмена форма преку архивата на Општина Струга или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам во определениот рок.За сите прифатени иницијативи поднесителите ќе бидат информирани во писмена форма или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам во рок од 15 дена од истекот на рокот за поднесување на инијативите .Прифатените иницијативи од Јавниот повик ќе бидат вградени во програмата за изработка на урбанистички планови за Општина Струга за 2018 година“ – информираат од Општина Струга.
Средствата за прифатените иницијативи за изготвување на потребната документација треба да се обезбедат од поднесителите на иницијативите-правни или физички лица.