Утре кон крајот на денот ќе има спуштање на постудена воздушна маса, што во следните два дена ќе услови врнежи од снег да има и во некои котлини, особено во северните делови.
Врнежите ќе бидат со слаб, а повремено на места со умерен интензитет. Дневните температури ќе бидат во опаѓање. Во Охрид температурата ќе се движи од -1 до 5 степени.
