Одбележan  денот на формирањето и борбениот пат на четвртата (седмата) албанска бригада

Сојузот на борците на Народноослободителната и антифашистичката војна на Македонија на општина Струга, на 26 август 2026 година, со полагање свежо цвеќе на спомениците во Струга и Локов, го одбележа 26 август (1944), денот на формирањето и борбениот пат на Четвртата (Седмата) албанска бригада на НОВ и ПО на Македонија, пред 82 години.

Според зборовите на претседателот на ОО на борците од Струга, Ајредин Мемеди, Бригадата е формирана на планината Караорман, во месноста „Рудина“, на 26 август 1944 година. Штабот на Бригадата го сочинувале: командант Нафис Сулејман, заменик-командант Шаик Садику, политички комесар Ќемаил Аголи и заменик Џафер Кодра.

При формирањето, Бригадата броела 164 борци. Еден младински баталјон дошол од Дебар, а го сочинувале Албанци, Македонци, Македонци-муслимани и Турци од Дебар и дебарските села. Другиот баталјон го сочинувале борци Албанци, Македонци, Власи и Турци од Струга и струшките села.

Командата на Вториот баталјон ја сочинувале Азис Цами, како командант, и Љубе Мариноски, како политички комесар. Третиот баталјон го предводеле Муарем Ибраими, како командант, и Јован Панчески, како политички комесар.

Бригадата учествувала во ослободувањето на Струга, како и на Сремскиот фронт.

Текст и фото: Стојан Кукунешоски

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани