Охрид џез фестивал од 27 до 30 август

Четвртото издание на „Охрид џез фестивал“ започнува вечерва, 27 август, и ќе трае до 30 август, во предворјето на црквата „Света Софија“. Четири фестивалски вечери, со почеток во 20:30 часот, ќе донесат младински, етно, класичен и меѓународен џез.

Фестивалот ќе започне на 27 август со „Вечер на млади музичари – Ехо од Македонија“, на која ќе настапат учениците и професорите од ОМУ „Методи Патче“ од Охрид.

На 28 август следува „Етно џез“, со настап на Сашко Костов и Орхидеја Ѓукова – дуо, кои пред публиката ќе го претстават спојот на етно-музиката и џезот.

Третата фестивалска вечер, на 29 август, е посветена на класичниот џез. На програмата се Дамјан Пејчиновски – гитара, Зоран Јагоридовски – перкусии, Дејан Милосављевиќ – тапани, Гордан Спасовски – пијано и Горан Гешовски – бас-гитара.

Фестивалот ќе заврши на 30 август со меѓународна џез вечер и настап на Branko Sterpin Quartet. Квартетот го сочинуваат Adriano Bernobić, Branko Sterpin, Vojkan Jojić, Zvonimir Šestak и Kristian Terzić.

Четири вечери, различни музички изрази и џез-изведби во амбиентот на предворјето на „Света Софија“.

Почетокот на сите фестивалски вечери е во 20:30 часот, а влезот е бесплатен.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани