Охрид домаќин на работилница корисна за приватните станоиздавачи

Идната недела, Охрид ќе биде домаќин на работилницата „Како до подолга сезона, успешна продажба и закуп на сместување вон сезона”.

Дводневната работилница „Како до подолга сезона, успешна продажба и закуп на сместување вон сезона”,ќе биде отворена на 23-ти овој месец во хотелот „Милениум“ во Охрид и е посветена на сопствениците на приватно сместување од Охрид.Работилницата ќе понуди значајни компаративни анализи, информации, искуства и практики што треба да овозможат подобро и порентабилно користење на сместувачките капацитети на годишно ниво, со цел, зголемување на нивната продажба преку целата година како и можностите за зголемување на понудата на туристичките пазари.Работилницата ја организира ЕСА Охрид а ќе ја реализира претприемач и обучувач во програмите за туристичката индустрија со 22 годишно работно искуство во Германија и Косово.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани