За Велигдеските празници сите патишта водат кон Охрид.
Продолжениот велигденски викенд , ќе го наполни Балканскиот Ерусалим со туристи од земјава и регионот.
Според слободните проценки 80 % од хотелските капацитети и приватното сместување во градот се веќе резервирани.
Црковните храмови во Балканскиот Ерусалим веќе се преполни со верници. Православни, но и гости од други вери и националности уживаат во празничната магија, што зрачи од древните цркови низ градот.
