Нов пораз за АВ Охрид во Втората АБА лига.
АВ Охрид во петтиот натпревар во втората лига на АБА стигна до својот петти пораз, откако на домашен терен во „СЦ Билјанини извори“ загуби со 78:56 од словенечкиот тим Рогашка.Охрид беше рамноправен противник само во првото полувреме, кое заврши со минимална предност на тимот од Рогашка Слатина од 37:35, а во еден момент домаќините имаа и предност. Меѓутоа, гостите потоа се одвоија за да стигнат до убедлива победа.За Рогашка блесна Рашан Дејвис со 32 поени за да донесе втор победа едноподруго за словенечкиот тим и да „избега“ од дното на лигата. Кај Охрид, Емир Зимиќ имаше 15 поени и 12 скока, а Станислав Цонков имаше 10 поени.
