Охрид се прости од Митрополитот Дебарско кичевски Владиката Тимотеј., кој цели 29 години ја водеше епархијата. Голем број верници, свештеници и монаси од земјава, но и од соседните земји денес на Плаошник, го испратија третиот по ред митрополит во епархијата. Заупокоената Света литургија од рано утрово се одржа во катедраланата Св Софија. Oва е тажен ден за МПЦ. рече во своето послание . Архиепископот македонски гг Стефан.
-И во градителството и во возобновувањето на древните светињи со кои изобилуваат и Охрид и дебарско кичевската епархија. Плаошник и Свети Наум, Св Софија и Перивлепта , Бигорски, Пречиста, Канео сега ни одблизу не се какви што ги наследивте. Дојдовте во вистинско време за паданатите свитињи да ги подигнете а урнатите да ги обновите., Градевте и возобновувате храмови и манастриги го обновивте монаштвото, рече гг Стефан.
Владиката Тимотеј, . ќе остане запаметен како голем градител, и возобновител на цркви манастири, но и по неговите силни заложби за развој на монаштвото.
-Големи се неговите заложби до псоледно верно служеше за нашата црква мудрољубиво раководеше особено добро организирајки го духонивот живот во нашата епархија. На нас монасите ни ја даде слободата на самоорганизирање според древните истави според практиката на Светогорската автономија, вели Ефимија монахиња од манастирот во Рајчица.
.Митрополитот Тимотеј е првиот Владика кој е погребан во Плаошкиот манастир онаму каде тој го мина половината од својот живот. Во следните 40 дена со епархијата ќе администрира ААрхиепискот г.г Стефан а потоа се очекува Синодот да го избере новиот Митрополит на една од најзначајните епархии во земјава.
Новинар Соња Рилковска
Фотогалерија