Денес погребение на Владиката Тимотеј

Денес во Охрид е ден на жалост. Знамињата на половина копје а  откажани сите културно забавни манифестации. Оваа одлука ја донесоа советниците на вчерашната вонредна седница по повод смртта на Митрополитот Дебарско кичевски владиката Тимотеј.

Владиката Тимотеј беше третиот по ред Митрополит, кој ја водеше дебарско кичевската епархија полни 29 години, а 43 години беше дел од МПЦ. Неговиот живот е светол пример за пожртвуваноста и  љубовта кон Црквата Божја, велат свештениците.

Неговиот живот згасна на 73 години по кратко боледување. Неговата смрт е голема загуба за МПЦ и за верниците.

Погребението е денес, три денови после упокојувањето.

Синодот определи заупокоената Света Литургија и Опелото да бидат во катедралната  „Св. Софија“ во Охрид, со почеток во 9 часот.

На Светата Литургија ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со надлежните епархиски архијереи на МПЦ – ОА, како и со претставници од другите Помесни Православни Цркви.

Погребението ќе биде извршено до јужната апсида на Плаошкиот манастир во Охрид, онаму каде Тимотеј го помина поголемиот дел од неговиот живот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани