Охрид традиционално за Први мај е преполн со туристи

Охрид традиционално за Први мај е преполн со туристи.  Бродовите ги кренаа сидрата, запловија кајчињата, катамараните, преполни се  музеите, културно историските споменици, рестораните и кафулињата. Од денес официјално се смета   почетокот  на туристичката сезона. Цените  на хотелско угостителските услуги  се повисоки  за околу 10 %.  споредбено со лани.  Сместување во  хотел  се движи  од  40 евра се до 60 евра  со појадок и вечера по лице.

За странските туристи Охрид се уште  е  евтина дестинација.

Да задоволни сме навистина сместувањето ни е тука во ценатар а што се однесува до ценит емислам дека е доста поевтино од Белград

Првиот впечаток е прекрасен, едвај чекаме да седнеме на некој чамец утре. 0035 Цените на апартманите се поевтини  во споредба со Црна Гора, за друго не знам само што стигнавме.

Живеам во Полска инаку сум од Либан, да бидам искрен овде цените се како во Полска. Градот е многу убав, нуди добри услови за одмор и релаксација би дошол повторно многу убаво место е, велат запрашаните гости.

Ставот на  туристичките работници  е дека цените се во склад со услугите. Поскапувањето  се должи на растот на трошоците и платите во секторот.

-Цените во Охрид се добри според мене. За секој цеб за секој буџет има цени. Не можеме да споредуваме кафани на прва линија со оние поназад. Најчесто имаме критики од домашн9ите туристи и сметам дека е погрешно. Ова е езерски туризам и Охрид има мал капацитет, туристичката сезона е кратка и сега ако се споредуваме со езерски туризам во западно европските земји неспоредливо е со морски туризам, вели Марко Танески туристички работник.

– Се повисоки од лани но не доволно колку што се сите покачувања гледаме да се адаптираме и ние на потребите и очекувањата на потрошиувачите и на нашиот и андворешниот пазар. Има минимално покачување , вели Ана Јанческа Дуданоска туристички работник.

Според државниот завод за статистика цените на угостителските услуги во март годинава  пораснале  за 6.9 %. во однос на  лани.

 

Новинар Соња Рилковска

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани