Охриѓанец осомничен за производство и дистрибуција на детска порнографија

Четириесет и двегодишен охриѓанец е осомничен за производство и дистрибуција на детска порнографија. Против него, Отсекот за компјутерски криминал при СВР Охрид поднел кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 193-а од Кривичниот законик.

Според информациите од полицијата, при претрес во домот на пријавениот, извршен на 20 октомври со судска наредба, полициските службеници од СВР Охрид, во координација со Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, пронашле и одзеле десктоп-компјутер и видеоснимки со експлицитни содржини од детска порнографија.

По пронаоѓањето на материјалите, осомничениот бил лишен од слобода, а судија на претходна постапка му одредил мерка притвор во траење од 30 дена.

Против него е поднесена кривична пријава, а понатамошната постапка треба да ги утврди сите околности на случајот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани