Охриѓанец фатен со метадон.
На 22.12.2021 година во ОВР Струга приведен е С.Ѓ.(36) од Охрид. При контрола во неговиот автомобил „Пежо“ што го управувал на улицата „ЈНА“ во Струга, полициските службеници пронајдоа и одзедоа метадон. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
