Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против С.К.(22) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело “загрозување на сигурноста при семејно насилство” .
На 31.01.2018 година во Охрид на улица “Париска Комуна” пријавениот, во неговиот дом, по вербална расправија, физички го нападнал неговиот татко П.К. (53), при што го скршил стаклото од влезната врата и му нанел расекотини на П.К., а потоа со нож им се заканувал на неговите баба и дедо. По интервенција на полициски службеници, пријавениот бил лишен од слобода, додека неговиот татко со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Охрид.
