Охриѓани загрижени за недостигот на педијатри

Охриѓани загрижени од недостигот на педијатри. Откако детското одделение во охридската болница, од почетокот на овој месец, поради недостиг на педијатри започна да работи само како амбуланта, граѓаните стравуваат и негодуваат, бараат министерството за здравство да најде решение на проблемот.

Велат голем проблем е во викенди и после 20 часот малите деца со кревко здравје и потребна медицинска помош да се препраќаат во Струга.
Некои родители немаат ниту автомобили, ниту пари за да ги носат децата на лекување во струшката болница.

-Мора да има педијатри во градот, еве слушам ќе патувале во Струга а колку е тоа временски и растојание тоа е трошок за населението и под итно треба да се реши, вели еден охриѓанец.

-Жално е да нема педијатри за децата, не знам како и кога примаат има доктори без работа, вели друг охриганец.

-Недозволиво градот да биде без педијатри, вели една охриѓанка.

-Недозволиво е да треба да патуваат треба да се отвори одделението и да функционира како што треба, вели трет охриганец.

Детското одделение стана дневна амбулатна, во моментов има двајца педијатри од кои едниот во февруари заминува во пензија, а за непречно функционирање на службата потребни се минимум пет доктори. Препраќањето на пациенти од целиот регион на лекување во Струга ќе создаде гужва на тамошното детско одделение, кое брои 18 кревети и 6 лекари педијатри.
Струшките лекари се солидализираат велат волни се да пружат помош, но признаваат дека овој модел не е долгорочно решение.

 „Ќе биде гужва Струга е голем регион со детска популација во некоие сезонски периоди ние имаме по 150 прегледи на ден само од овој регион. Тогаш се плашиме како ке биде вака во нормални месеци ќе се снајдеме, но тогаш ако имаме ние 150, како што кажуваат колегите од Охрид по 100 дневно тогаш ќе биде малку тешно, ама ќе се потрудиме секако сме волни да се потрудиме за детската популација да биде згрижена“, вели д-р Нада Колоска спевијалисте педијатар Струга.

Повеќе од една деценија охридската болница нема нов специјализант педијатар.Во моментот има две специјализантки, но тие ќе завршат за четири до пет години. Доколку не се изнајде друго решение, дотогаш децата од Охрид за лекување ќе мора се препраќаат во Струга.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани